• понеделник, 23 декември 2024

Шмигал: Украина има потреба од дополнителни 15 милијарди долари за покривање на буџетскиот дефицит во 2025 година

Шмигал: Украина има потреба од дополнителни 15 милијарди долари за покривање на буџетскиот дефицит во 2025 година

Киев, 27 август 2024 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави денеска дека неговата земја има потреба од дополнителни 15 милијарди долари за да го покрие буџетскиот дефицит за 2025 година, пренесуваат британските медиуми.

Според него, буџетскиот дефицит на земјата ќе изнесува 35 милијарди долари, а се планира покривање на 20 милијарди.

Владините податоци покажуваат дека во оваа година, украинскиот буџетски дефицит изнесува 38 милијарди долари.

Шмигал посочи дека властите предвидуваат зголемување на даноците и нови заеми на домашниот пазар за да ги надополнат средствата потребни за војната против Русија. 

Украинската Рада (парламентот) за овие предлози ќе расправа во септември.

Од почетокот на руската инвазија Украина од своите партнери  има добиено 100 милијарди долари финансиска помош. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан