• среда, 18 декември 2024

Шкријељ: Подрачни канцеларии за социјална работа во што поголем број рурални општини

Шкријељ: Подрачни канцеларии за социјална работа во што поголем број рурални општини

Јегуновце, 15 јануари 2020 (МИА) - Голем е интересот на руралните општини за отворање на подрачни канцеларии на Центрите за социјални работи, што воедно ќе значи зголемување на вработувањата во оваа област како и развој и унапредување на зацртаните социјални реформи, истакна Санела Шкријељ, дополнителниот заменик министер во Јегуновце. Секоја област во државата пројавила интерес со оглед на потребите на граѓаните за поголема пристапност до овие услуги.

-Имавме прва фаза за изразување на интерес, некаде околу 60 општини кои пројавиле интерес. Сега е во тек втората фаза. Ќе обезбедиме техничка поддршка за општините за подготовка на проекти. Рокот за аплицирање е до 30 април, за да имаат време да подготват издржани проекти. Средствата се обезбедени.Ние сакаме и целта ни е, секоја општина да отвори социјален сервис согласно потребите на локално население. Она што е цел на Министерството во секоја општина во нашата држава е да има ваква локална канцеларија и затоа се склучува меморандум за соработка меѓу МТСП, општината и Центарот за социјални работи. Со некои општини се усогласуваме за просторот и слично. Финално, секоја канцеларија ќе има свој центар за социјална работа.  Фокусот е на рурални општини и на отворањето и во однос на градинките на овие центри за социјална работа за тоа што навистина долго време беа запоставени. Во овој регион во секоја друга општина ќе си добие канцеларија. Такви ќе има во Желино Боговиње, Брвеница Центар Жупа и Маврово и другите места, рече Санела Шкријељ.

Таа потенцира дека отворањето на канцелариите, значи и нови вработувања.

-Она што го имаме како план е локалните канцеларии за почеток да имаат тим од двајца, затоа што тука ќе биде администрирање на правата. Со развојот на услугите, зависно од самата услуга, дали тоа ќе биде помош и за нега во домот или лична асистенција, во зависност од услуга така ќе се пристапи кон вработувањата. Паралелно инвестираме во развојот на услугите и сервисите блиску до граѓаните. Во моментот имаме отворено повик до сите општини да аплицираат со предлози за развој на сервиси. За истото имаме обезбедно 10.8 милиони евра заедно со Светската банка и во таа насока ги повикувам сите општини  да аплицираат, рече Шкријељ.ас/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан