• среда, 18 декември 2024

Шкријељ: Се исполнува ветеното, од март минимална плата над 20.000 денари

Шкријељ: Се исполнува ветеното, од март минимална плата над 20.000 денари

Скопје, 26 февруари 2023

СДСМ преку одговорни, ефикасни и навремени економски политики и предвреме ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните. 
 
Во 2020 година, пред парламентарните избори пред граѓаните дадовме ветување за минимална плата од 20.000 денари. 
 
Денес, една и пол година пред крајот на мандатот, тоа ветување го реализираме. 
 
Веќе со мартовската плата, минималните месечни примања го зголемуваме на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари од сегашната минимална плата која изнесува 18.000 денари. 
 
Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализиравме уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари. 
 
28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата според Државниот завод за статистика изнесуваше 34.364 денари. 
 
Важно е да се напомене дека овие остварувања се случуваат во години кога бевме соочени и се уште се соочуваме со последиците прво од здравствената, а потоа од економската и енергетската криза. 
 
За нас во СДСМ, зборот даден пред граѓаните останува збор, ветеното го реализираме.
 
Сето ова е дополнителен мотив да работиме уште повеќе посветено во реализација на ветувањата дадени пред граѓаните.

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

СДСМ - Центар за комуникации

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан