• понеделник, 23 декември 2024

Шкотската Влада размислува за воведување нови рестриктивни мерки

Шкотската Влада размислува за воведување нови рестриктивни мерки
Лондон, 5 октомври 2020 (МИА) - Шкотската Влада размислува дали да воведе дополнителни ограничувања за контрола на случаите на коронавирус, кои се во пораст. Шкотската премиерка Никола Старџен на денешната прес-конференција рече дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена, објави Би-Би-Си. Таа рече дека значителен број нови случаи биле пријавени за време на викендот, што е причина за загриженост. Во изминатите 24 часа, во Шкотска се регистрирани 697 новозаразени со вирусот Ковид-19. паг/    

Остани поврзан