Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата
- Шкендија од Тетово ја продолжува борбата за шампионската титула во домашниот фудбал, откако пред своите навивачи забележа минимална, но исклучително важна победа против Арсими со резултат 1:0.
Тетово, 15 март 2026 (МИА) – Шкендија од Тетово ја продолжува борбата за шампионската титула во домашниот фудбал, откако пред своите навивачи забележа минимална, но исклучително важна победа против Арсими со резултат 1:0.
Голот вреден три бода за тетовци го постигна Ибрахими во 17. минута.
По оваа победа, Шкендија останува во трката за шампионската титула и се наоѓа на – 3 бода зад Вардар, додека Арсими е позициониран на 8. место со 26 бодови.
На првиот денешен натпревар од 23. коло, Тиквеш убедливо го совлада Шкупи со 6:0.
Колото утре ќе го комплетираат
Силекс – Пелистер и
Башкими – Работнички. зс/
Фото: ЕПА