• петок, 05 декември 2025

Шкендија против велшки ТНС на стартот од квалификациите во ЛШ

Шкендија против велшки ТНС на стартот од квалификациите во ЛШ

 

Нион, 17 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби велшки ТНС за противник во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Првите натпревари од новата сезона 2025/26 во ЛШ се на програмата на 8 и 9 јули, а реваншите на 15 и 16 јули.

Шкендија ќе му гостува на ТНС во првиот натпревар, пред реваншот во Македонија една недела подоцна.

За Шкендија и ТНС ова ќе биде втора меѓусебна пресметка, откако во 2018 година македонскиот тим го елиминираше велшкиот противник во воведното коло во квалификациите во ЛШ.

Шкендија на првиот натпревар на домашен терен победи со 5-0, а на гостувањето во Велс загуби со 4-0. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан