Шкендија по пенали елиминирана од АИК во квалификациите за Конференциската лига
- Шкендија по пенали елиминирана од АИК во квалификациите за Конференциската лига
Скопје, 11 август 2022 (МИА) – Екипата на Шкендија не успеа да се пласира во плејофот на УЕФА Конференциската лига, откако во третото квалификациско коло е елиминирана од АИК Стокхолм.
Тетовци вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ против шведскиот тим одиграа 1:1 исто како што беше и на првиот меч во Стокхолм.
Во 22. минута капитенот на „црвено-црните“ Ферхан Хасани од пенал донесе водство, АИК изедначи преку Јасин Ајари во 56. минута.
Резултатот остана ист и по двете продолженија од по 15 минути, па се пријде кон удари од 11 метри.
По изведување на пеналите гостите беа поуспешни со 3:2. За македонскиот тим погодија само Стојановски и Цаке, а Дита, Дориев и Хасани не реализираа. зс/