• недела, 22 декември 2024

Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР

Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР

Белград, 5 јуни 2024 (МИА) - Андреас Шидер, главниот кандидат на Социјалдемократската партија на Австрија на изборите за Европскиот парламент и набљудувач на декемвриските избори во Србија, денеска изјави дека е жално да се види дека на повторените неделни локални избори во Србока не беа испочитувани и имплементирани препораките на мисијата на ОДИХР за подобрување на изборните услови, како и дека претседателот на државата Александар Вучиќ е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова е жално, особено ако се има предвид дека во последните години политичкиот систем во Србија станува сè понестабилен и се повеќе се карактеризира со авторитарни тенденции. Изборите сега се можност претседателот Александар Вучиќ и неговата партија да покажат во која насока сакаат да се развива земјата“, изјави Шидер за весникот Данас.

-Се надеваме дека Србија ќе најде начин да се врати назад на конструктивниот реформски пат за владеење на правото и демократијата, рече тој.

Шидер додаде дека Србија, „како најголема земја во регионот, има голема одговорност да обезбеди стабилност и мир на Западен Балкан“.

-Актуелната влада во Србија оди по пат кој секако не води поблиску до Европската унија (ЕУ). Не само што гледаме негативна реакција во однос на демократијата и владеењето на правото, туку и сојузникот на Путин кој владее во Србија. Доколку Вучиќ продолжи да води политика на овој начин, обидувајќи се да го дестабилизира целиот регион, треба да ги земеме предвид последиците како што е замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ, рече Шидер. сд/

Остани поврзан