• сабота, 23 ноември 2024

Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања

Шидер: Изборите законски во почетокот на јули, партиите да се договорат за куса и фер кампања
Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) - Австрискиот европратеник Андреас Шидер објави на Твитер дека изборите во земјава законски мора да се одржат во почетокот на јули. - Северна Македонија ја прекина вонредната состојба. Тоа значи враќање кон парламентарата легитимност и граѓаните да одлучат за иднината. Според законот, изборите мора да се одржат во почетокот на јули, напиша Шидер на Твитер. Натаму тој во друга објава наведува дека одржувањето на изборите е неопходен следен чекор. - Одржувањето на изборите (под строги хигиенски стандарди) е неопходен следен чекор. Датумот е одреден согласно законот. Сите партии да се договорат за куса и фер изборна кампања. Тактички препукувања за датуми итн., се штетни за демократијата, наведува Шидер на својот Твитер профил. нд/са/  

Тагови

Остани поврзан