• петок, 22 ноември 2024

Шефот на иранската дипломатија, Абдолахиан утре во посета на Турција

Шефот на иранската дипломатија, Абдолахиан утре во посета на Турција

Анкара, 7 март 2023 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан утре ќе ја посети Турција во знак на солидарност по минатомесечните разорни земјотреси со епицентар во областа Кахраманмараш во јужна Турција, објави на Твитер, турското Министерство за надворешни работи.

Министерот Абдолахиан во Анкара ќе се сретне со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и ќе го посети Адијаман, една од тешко погодените области во земјотресите.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени го погодија југоисточниот дел на Турција во интервал од неколку часа на 6 февруари. Загинаа десетици илјади луѓе и беа предизвикани големи разурнувања во Турција и во соседна Сирија. рп/

 

Остани поврзан