• четврток, 19 декември 2024

Шест судијки во судискиот колектив за претстојното Светско првенство во фудбал

Шест судијки во судискиот колектив за претстојното Светско првенство во фудбал
Доха, 16 ноември 2022 (МИА) – Шест фудбалски судијки за прв пат во историјата ќе бидат дел од судискиот колектив за претстојното Светско првенство 2022 во Катар. Помеѓу 36-те главни судии се избрани Стефани Фрапарт од Франција, Јамашита Јошими од Јапонија и Салима Мукансанга од Руандa. Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит се помеѓу 69-те асистенти. Годинешното Светско првенство во фудбал започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. ар/зс/

Остани поврзан