• среда, 27 ноември 2024

Шестмина повредени во инцидент во Глазгов

Шестмина повредени во инцидент во Глазгов
Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) - Шкотската полиција соопшти дека е убиен напаѓач кој предизвикал инцидент во Глазгов во кој се повредени шест лица, меѓу кои и полицаец. „Полицаецот, кој бил прободен во инцидентот во хотелот „Парк Ин“, каде живеат претежно бегалци, е во стабилна состојба“, се наведува во полициското соопштение. Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа, меѓутоа, наведуваат дека станува збор за посебен инцидент и не постои ризик за пошироката јавност. Како што пренесуваат странските агенции, нема трага по повеќе осомничени, а сите повредени се во болница. Инцидентот не е окарактеризиран како тероризам. Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е „длабоко тажен од грозоморниот инцидент во Глазгов“ и дека неговите мисли се со „жртвите и нивните семејства“. паг/  

Остани поврзан