• четврток, 01 август 2024

Шенгелија треба да дебитира оваа сезона против Реал Мадрид

Шенгелија треба да дебитира оваа сезона против Реал Мадрид
Болоња, 25 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Виртус, Торнике Шенгелија закрепна од повредата на рамото и е подготвен да дебитира во сезоната 2022/23. Шенгелија се очекува да настапи на натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид в четврток. Во август, Шенгелија го повреди рамото на натпревар за грузиската репрезентација, поради што го пропушти Евробаскет 2022 година и почетокот на клупската сезона. Во тековната сезона во Евролигата, Виртус на првите четири натпревари забележа три порази и само една победа. зс/

Остани поврзан