• петок, 22 ноември 2024

Шел непријатно ја изненади холандската влада со планот да се пресели во Лондон

Шел непријатно ја изненади холандската влада со планот да се пресели во Лондон

Амстердам, 15 ноември 2021 (МИА) - Холандската влада е „непријатно изненадена“ од информацијата дека Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) планира да го пресели своето седиште од Хаг во Лондон.

- Кабинетот жали што Шел сака да го премести своето седиште во Британија. Ние сме во дијалог со раководството на Шел за импликациите што овој план може да ги има врз работните места, клучните инвестициски одлуки и одржливоста, изјави министерот за економија и клима, Стеф Блок.

Шел претходно денеска објави дека има намера да ја пресели фабриката во Британија со цел да ја поедностави нејзината корпоративна структура и да ја олесни распределбата на профитот меѓу акционерите.

Одлуката на нафтениот гигант доаѓа неколку месеци откако холандскиот суд нареди Шел да ги забрза плановите за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Нафтениот гигант ја обжали таа одлука. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан