• петок, 22 ноември 2024

Шекеринска: Преговараме што побрзо да ги добиеме вакцините

Шекеринска: Преговараме што побрзо да ги добиеме вакцините
Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) - Покрај очекуваните количии преку механизмот Ковакс, државните институции преговараат и со Фајзер и со кинескиот производител за да се обезбедат повеќе вакцини во што е можно покус временски период. Ова вечерва го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во емисијата Топ тема на Телевизија Телма, каде истакна дека и Фајзер и кинеската вакцина веќе ги поминаа фазите и на тестирање, на потврдување на резултатот и очигледно е дека и кинеската вакцина прилично брзо ќе ја добие потврдата или ќе го заврши тој процес на регистрирање и од страна на европското регулаторно тело. - Ние дискутираме неколку месеци за вакцините и бараме начин како побрзо да го вакцинираме населението. Главните поенти ги ставаме на механизмот Ковакс, но самите контактиравме со сите производители, и со Фајзер и со фирмата за кинеските вакцини. Нивните вакцини ги поминаа тестирањата и кинеската прилично брзо ќе се регистрира од европското регулаторно тело. Во една ваква атмсофера за мали држави е тешко, и самата ЕУ се соочува со проблеми, и тие не може да направат нарачка на големи количини, па некаде дури и е стопирано вакцинирањето, истакна Шекеринска. Таа рече дека кога се видело дека производството нема да ги задоволи потребните количини вакцини, владата почнала да преговора и со други производители. - Ние ги привршивме преговорите со Фајзер, ги очекуваме и првите колични  преку Ковакс, а преговараме и со кинескиот производител. Руската вакцина започна со примена без да ги има поминато сите фази на проверка, но денес веќе има позитивни оценки и за неа. Ние нашата геополитичка ориентација сме ја покажале на дело повеќе пати, имаме релација со европски и американски регулатори и најлесно беше за тие вакцини да преговараме, но сега мораме да гледаме пошироко, изјави Шекеринска.оџ/са/
       
   
 

Остани поврзан