• понеделник, 23 декември 2024

Шевченко преговара со полската репрезентација

Шевченко преговара со полската репрезентација
Варшава, 16 јануари 2022 (МИА) - Полската фудбалска федерација го обнови интересот за Андриј Шевченко, кој вчера доби отказ од тренерското место во Џенова. Полјаците веќе почнале преговори со 45-годишниот Украинец, објави новинарот Николо Шира. Репрезентацијата на Полска остана без селектор на крајот на декември, кога Пауло Соуза реши да застане на чело на Фламенго. На 24 март Полска ќе имаат полуфинален плејоф натпревар со селекцијата на Русија за настап на Светското првенство во 2022 година. зс/

Остани поврзан