• понеделник, 23 декември 2024

Шведска протера кинеска новинарка со образложение дека е закана за националната безбедност

Шведска протера кинеска новинарка со образложение дека е закана за националната безбедност

Стокхолм, 8 април 2024 (МИА) - Шведска протера кинеска новинарка со образложение дека е закана за националната безбедност, објавија денеска шведските медиуми.

Шведската служба за безбедност во октомври уапси неименувана кинеска новинарка (57), а минатата недела е протерана од земјата, јави шведската телевизија СВТ.
Забрането и е да се врати. Таа дошла во Шведска пред околу 20 години. Имала дозвола за престој и била во брак со Швеѓанец, со кој има деца.

Новинарката била во контакт со Кинеската амбасада и луѓе во Шведска кои се поврзани со кинеската влада, според СВТ.

Нејзиниот адвокат Леутрим Кадриу изјави за СВТ дека не смее да дава детали за случајот, и дека таа не се смета себеси за закана за Шведска.

Таа известувала и од Норвешка, Данска, Финска и Исланд.

Односите меѓу Стокхолм и Пекинг се затегнати со години. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан