• петок, 05 декември 2025

Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска - Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве. На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието Гаши ја истакнал долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.

- Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка, се посочува во соопштението.

Пратеничката Дафина Стојаноска упатила благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.

- Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области - земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство. Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија, се наведува во соопштението од Собранието. ев/дма/

ФОТО: Собрание 

Остани поврзан