• понеделник, 23 декември 2024

Швајцарското градежништво ќе се соочи со недостиг на работна сила

Швајцарското градежништво ќе се соочи со недостиг на работна сила
Берн, 27 јули 2020 (МИА) - Швајцарското градежништво се соочува со голем проблем бидејќи наскоро ќе му недостасува стручна работна сила, имајќи предвид дека се помал број млади луѓе се одлучуваат за таков вид образование. Од друга страна, учеството на возрасните од над 50 години меѓу стручните работници во градежништвото е над една третина. Во последните десет години во Швајцарија драстично е намален бројот на младите кои одлучиле да се школуваат за ѕидари. Ако во 2010 година тој број изнесувал повеќе од 1.200 млади, минатата година бил над 700. Здружението на градежните работници укажува дека имиџот на работите во таа стопанска гранка е полош од реалните услови. Се наведува дека работата на градежниците повеќе не е поврзана со голем физички напор, се помалку се користат лопати, а се повеќе кранови, багери и дигитални машини. Што се однесува до платата, ѕидар приправник заработува повеќе од 1.800 франци, а за стручна работна сила при изградба на патишта платата изнесува 2.300 франци. Подоцна, стручната работна сила во градежништвото може да достигне плата и од 6.000 франци месечно, а доколку продолжи со образованието за шеф на градежништво може да се заработат и до 10.000 франци. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан