• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Швајцарскиот скијач Одермат испиша историја

Швајцарскиот скијач Одермат испиша историја

Солдеу, 18 март 2023 (МИА) – Швајцарскиот скијач Марко Одермат испиша историја со денешната победа во велеслаломската трка во завршницата на Светскиот куп во Андора со што дојде до рекорден збир од 2024 бодови, 24 повеќе од досегашниот рекордер Херман Маер, кој во сезоната 1999/2000 освои 2000 бодови.

До 13. победа сезонава, со која се израмни со рекордерите Ингемар Стенмарк и Марсел Хиршер според бројот на победи во една сезона, Одермат дојде на убедлив начин пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсон (+2.11) и Марко Шварц од Австрија (+2.29).

Најдобрите светски скијачи в недела ќе се борат за слаломскиот Мал кристален глобус. ег/паг/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан