• недела, 22 декември 2024

Швајцарија засега се воздржува од воведување санкции против Русија

Швајцарија засега се воздржува од воведување санкции против Русија
Цирих, 23 февруари 2022 (МИА) – Швајцарската Влада денеска соопшти дека се воздржува од воведување санкции против Русија, кои беа усвоени од ЕУ и оти за нив ќе одлучи откако ќе ги разгледа. Владата нагласи дека тоа не значи дека Швајцарија сака да ги заобиколи санкциите што ЕУ ги воведе против Русија. - Затоа санкциите ќе се проучат и потоа ќе се донесе одлука, се вели во соопштението и се додава дека Владата е во постојан контакт со неколку земји за размена на информации за ситуацијата на терен. Во соопштението се додава дека Швајцарија би можела да усвои мерки за спроведување санкции усвоени од Обединетите нации, ОБСЕ или главните трговски партнери на Швајцарија за да се обезбеди усогласеност со меѓународното право, особено во областа на почитувањето на човековите права. Швајцарската влада го осуди признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР од страна на Русија, оценувајќи дека тој со чин „е прекршено и меѓународното право и суверенитетот на Украина“. Швајцарија, како неутрална држава, во 2014 година не ги усвои санкциите воведени од Европската унија против Русија поради анексијата на Крим, туку примени свои регулативи создадени да спречи нејзиниот финансиски систем да се користи за заобиколување на мерките на ЕУ. јт/

Остани поврзан