• петок, 22 ноември 2024

Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата

Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата

Скопје, 12 јануари 2023 (МИА) – Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири.

Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни.

-Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.

Во однос на загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени  пораки за наводно поставени бомби, тој рече дека онлајн настава не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.

-Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби, изјави Шаќири по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост. хс/аа/

Тагови

Остани поврзан