• понеделник, 23 декември 2024

Шахпаска: Јосифово добива целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца, градежните активности се одвиваат со забрзана динамика

Шахпаска: Јосифово добива целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца, градежните активности се одвиваат со забрзана динамика
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо  Костадинов, денеска направија увид во градежните работи на новиот објект-детска градинка во село Јосифово, Општина Валандово. -Министерството за труд и социјална политика продолжува да инвестира во изградба на нови и проширување на постоечките градинки со цел да го зголеми опфатот на деца во предучилишно образование, посочи министерката Шахпаска. По направениот увид во градежни работи на новиот објект министерката информираше дека динамиката на градежните работи кои се во тек се одвиваат дури и со побрзо темпо од предвиденото. Таа изрази задоволство што наскоро децата од Јосифово ќе добијат целосно нова градинка, градена по сите европски и светски стандарди. -Новата градинка во Јосифово има капацитет да згрижи 57 деца организирани во три воспитни групи, за која Министерството за труд и социјална политика издвои 22 милиони денари, рече министерката Шахпаска. Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов изрази задоволство од темпото со кое се движат градежните активности и воедно изрази и благодарност до Министерството за труд и социјална политика за инвестицијата во Јосифово, со која, како што рече, на децата од ова населено место им се овозможува да посетуваат нова современа градинка со сите услови за квалитетно предучилишно образование. сст/сп/

Остани поврзан