• петок, 22 ноември 2024

Шахпаска: Стручната и посветена работа со лицата со попреченост исклучително важна во нивната рехабилитација

Шахпаска: Стручната и посветена работа со лицата со попреченост исклучително важна во нивната рехабилитација
Скопје, 29 август 2021 (МИА) - Стручната и посветена работа со лицата со попреченост е исклучително важна во процесот на нивната рехабилитација и подобрување на психофизичкото здравје, напиша попладнево министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Фејсбук.
-Вработените во Дневниот центар за лица со попречености во Кавадарци им помагаат на 15 лица да се оспособат за извршување на секојдневните обврски. Работат одделно со секое лице развивајќи ги неговите специфични вештини. Исто така, преку нова програма, Дневниот центар им овозможува развивање и унапредување на комјутерските вештини, ппишува на фб профилот на Шахпаска. мд/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан