• вторник, 26 ноември 2024

Шапс: Аномалијата при тестирањето на ракетниот систем не влијае на способноста на Британија да лансира нуклеарно оружје

Шапс: Аномалијата при тестирањето на ракетниот систем не влијае на способноста на Британија да лансира нуклеарно оружје

Лондон, 21 февруари 2024 (МИА) - Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека „аномалијата“ за време на тестирањето на нуклеарниот ракетен систем минатиот месец не влијаела на способноста на Велика Британија да лансира нуклеарно оружје.

„Навистина имаше аномалија, но таа беше специфична за одреден настан и нема импликации за доверливоста на ракетните системи 'Тридент' и нашите залихи од нив“, рече Шапс во Парламентот.

„Исто така, нема никакви последици за способноста да го користиме нашето нуклеарно оружје доколку се појават околностите каде што треба да го сториме тоа... Владата е целосно уверена дека нуклеарното одвраќање на Обединетото Кралство останува ефективно, доверливо и заканувачки“, додаде тој.

Претходно денеска, британските пратеници побараа гаранции за моќта на одвраќање на земјата по извештаите дека тестот на системот не успеа минатиот месец кога ракета, која не носеше боева глава, падна во морето во близина на подморницата од која беше истрелана.

Весникот „Сан“ објави дека инцидентот се случил додека Шапс бил во подморницата „Вангард“ за да го набљудува пробното лансирање на ракетата „Тридент“ дизајнирана да носи нуклеарни боеви глави.

Шапс и адмиралот Бен Ки, началникот на штабот на кралската морнарица, учествуваа во последната вежба на „Вангард“ по ремонтот кој траеше повеќе од седум години. паг/ 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан