Шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко ќе работат и утре
- Работното време им е од 8 до 16 часот.
Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на утрешниот ден ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје.
Работното време, како што информира МВР, ќе биде од 8 до 16 часот. бд/бак/
Фото: МИА архива