• сабота, 06 јули 2024

Шалке нема победено 19 последователни кола во Бундеслигата

Шалке нема победено 19 последователни кола во Бундеслигата
Гелзенкирхен, 3 октомври 2020 (МИА) - Серијата порази на Шалке продолжува. На денешниот дуел тимот на Гелзенкирхен во 3. коло од Бундеслигата беше поразен од Лајпциг (0:4). Една недела порано, Шалке загуби од Вердер Бремен (1:3), а во првото коло беше поразен од Баерн Минхен (0:8). Земајќи ја предвид минатата сезона, серијата порази на тимот од Рур во Бундеслигата достигна 19 натпревари. Последната победа беше извојувана на 17 јануари на средба со Борусија Менхенгладбах (2:0). По тој натпревар, Шалке претрпе 13 порази во шампионатот и одигра нерешено на шест натпревари. Тимот на Шалке е последен во новата сезона во Бундеслигата. Келн и Мајнц исто така немаат освоено бодови во првите три кола, но овие клубови имаат подобра гол-разлика. Минатата недела Шалке го отпушти Давид Вагнер од функцијата главен тренер и на негово место го постави Мануел Баум. зс/

Остани поврзан