• сабота, 23 ноември 2024

Шакира го откажа настапот на свеченото отворање на Светското првенство

Шакира го откажа настапот на свеченото отворање на Светското првенство
Мадрид, 17 ноември 2022 (МИА) - Колумбиската пејачка Шакира нема да настапи на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Според шпанскиот весник „Марка“ 45-годишната Шакира реши да го откаже настапот неколку дена пред почетокот на турнирот поради критиките кон Катар по прашањето за човековите права. Забележано е и дека претходно Дуа Липа и Род Стјуарт ја одбија можноста да бидат дел од свеченото отворање. Да потсетиме дека Шакира е автор на песната „Waka Waka“, која стана официјална химна на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември. зс/

Остани поврзан