Членови на ДЛС „Св. Кирил Методиј“-Битола освоија 15 награди на ликовен натпревар во Германија
- Членови на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола освоија 15 високи признанија на меѓународниот ликовен натревар по цртање што се одржа во германскиот град Шведт.
Битола, 17 декември 2025 (МИА) - Членови на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола освоија 15 високи признанија на меѓународниот ликовен натревар по цртање што се одржа во германскиот град Шведт.
Во конкуренција на илјада селектирани дела чии автори се деца и млади од целиот свет, членовите на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ како единствени македонски учесници со 25 цртежи од исто толку членови на студиото, освоија 15 престижни награди.
Со германски одличја се здобија Сара Сотировска, Давид Атанасовски, Томислав Атанасовски, Јована Василевса, Анабела Јовчевска, Нина Пешевски, Сирма Спиркоска, Ангела Бошевска, Фросина Полизовска, Стефанија Димитријовска, Ивана Влкановска, Луна Петковска, Елиф Сулимановска, Јана Талеска и Јана Мојсовска. мт/дма/
Фото: МИА