„Чистота и Зеленило“ ангажираше повеќе екипи и постави повеќе садови за смет на градските гробишта Куманово
- Екипите на „Чистота и Зеленило“ денеска интензивно ги чистеа градските гробишта во Куманово. Ангажирани се дополнителни работни екипи и постави садови за смет низ градските гробишта во пресрет на верскиот празник Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите, информираа денеска надлежните од претпријатието.
Куманово, 31 октомври 2024 (МИА) - Екипите на „Чистота и Зеленило“ денеска интензивно ги чистеа градските гробишта во Куманово. Ангажирани се дополнителни работни екипи и постави садови за смет низ градските гробишта во пресрет на верскиот празник Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите, информираа денеска надлежните од претпријатието.
Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски истакна дека во пресрет на празникот, се ангажирани повеќе екипи и оти се исчистени околу 90 проценти од просторот и оти наскоро ќе биде исчистен и останатиот дел.
По завршување на празникот во недела ќе бидат ангажирани дополнителни работници кои ќе го изнесат сметот и ќе ги расчистат површините на оваа локација.
Одговарајќи на новинарски прашања во однос на реакциите на граѓаните за уреденоста на гробиштата, Стојановски вели дека забелешките се однесуваат за православните градски гробишта и се тесно поврзани со обичаите кои ги практикуваат кумановци при посета на гробиштата.
- Поставени се дополнителни садови за смет. Апелирам до граѓаните ѓубрето да го складираат во поголеми ќеси кои им бидат достапни на портирницата. Ќе треба да го остават во садовите по завршување на обредите, изјави Стојановски.
Општината е задолжена за проширување на гробиштата, но потребни се огромни средства за да се обезбедат парцели.
- Општината со сопствени средства спроведува парцијална експропријација за да се реши недостатокот со гробни места, изјави Стојановски. ам/сст/
Фото: МИА