• петок, 20 декември 2024

Чешкиот премиер бара на Италијанците да им се забрани да патуваат во Европа

Чешкиот премиер бара на Италијанците да им се забрани да патуваат во Европа
Прага, 8 март 2020 (МИА) - Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Владата во Рим да им забрани на Италијанците да патуваат во Европа како начин да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на Ковид-19. Според Бабиш, Италијанците не треба да патуваат во Европа, затоа што повеќето случаи на заразени во Германија, Франција и Шпанија се поврзани со Италија. - Самите ние не можеме да објавиме таква мерка во рамките на Шенгенскиот простор, истакна тој и ги повика Чесите кои патуваат во Италија по работа или приватно, брзо да се вратат дома. Во Чешка досега се регистрирани 31 случај на заразени со новиот коронавирус. јт/

Остани поврзан