• сабота, 23 ноември 2024

Чешкиот амбасадор Лудва во посета на Гостивар

Чешкиот амбасадор Лудва во посета на Гостивар
Гостивар, 18 април 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва.
 
Таравари и Лудва имаа конструктивна и плодна средба, на која истакнаa дека пријателството со Чешка е многу важно бидејќи таа е докажан партнер на Северна Македонија во областа на европските интеграции и во многу други сфери од интерес на граѓаните на двете земји.
- На средбата со чешкиот амбасадор разговаравме за соработката помеѓу двете земји во однос на интеграциските процеси. Разговаравме за теми во однос на локалната власт и проблемите со кои се соочуваме во овие кризни моменти во нашата држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, уставните измени, како и за заеднички активности во иднина, изјави Таравари по средбата со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва.
 
Општина Гостивар традиционално оставрува односи со амбасадорите на земјите од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска. згм/мд/
 
Фото: општина Гостивар
 

Остани поврзан