• понеделник, 23 декември 2024

Чешка и го укина на Русија бесплатаното користење на 59 недвижнини во кои сега нема дипломати

Чешка и го укина на Русија бесплатаното користење на 59 недвижнини во кои сега нема дипломати

Прага, 17 мај 2023 (МИА) - Чешката влада денеска укина девет уредби стари половина век, врз основа на кои поранешниот Советски Сојуз, а потоа и Русија, бесплатно користеа десетици станови и други недвижности во Чешка.

Чешка ја оправдува ваквата одлука со фактот дека овие имоти повеќе не се користат за дипломатски цели, а Прага сега бара Русија ретроактивно да плати за нивното користење.

Новиот чешки министер за европски прашања, Мартин Дворжак, на Твитер напиша дека владата ги сменила одлуките донесени кога Советскиот Сојуз ја нападна тогашната Чехословачка во 1968 година.

„Ги укинавме одлуките на владата донесени под вперените  топови на руските тенкови по окупацијата на нашата земја, што и овозможи на Русија до денеска да користи парцели и други недвижности на наша територија. Неоправданиот профит од нивната употреба не смее да служи како помош за окупацијата на Украина“, рече Дворжак.

Денешната одлука на Владата да и наплати на Русија за користењето на тие станови, згради и парцели во последните три години и во иднина, се однесува на становите во близина на руската амбасада во Прага што сега ги издава, за згради во Брно и Карлови Вари и две одморалишта во Централна Бохемија. Во чешка имало вкупно 59 такви имоти.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски објасни дека Русија не го користи овој недвижен имот за дипломатите, туку за комерцијални цели, бидејќи бројот на вработени во руската Амбасада е намален во последните години по меѓусебното протерување на дипломатите поради скандал со руски траги во експлозијата на магацинот за муниција во Врбјетице.

Липевски изјави дека денешната одлука не се однесува на 17 имоти, меѓу кои и зградата на руската Амбасада, резиденцијата на нејзиниот амбасадор и конзулатите што ги користат дипломатите.

Чешка бара од Русија поништените договори за закуп на недвижности да се заменат со нови, ретроактивно во последните три години.

Слична одлука за користење на невижен имот од страна на Русија пред неколку години донесе и Полска. сд/

Остани поврзан