• петок, 22 ноември 2024

Чеченија: Субвенции за невеста

Чеченија: Субвенции за невеста
Москва, 12 јуни 2020 (МИА) - Контроверзниот чеченски лидер Рамзан Кадиров им понуди парична помош на мажите во својата земја, кои поради корона-пандемијата, не можат традиционално „да си ги исплатат невестите“, пренесува Би-би-си. Според обичаите, младоженецот во руската исламска Република Чеченија, треба да плати со пари за невестата, нејзе или на нејзините роднини. Но, поради негативното влијание на пандемијата врз економијата, многу мажи во Чеченија не успеваат да соберат доволно пари за таа традиција наречена „Урду“. Затоа, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров им понуди помош на граѓаните. Првиччно, тој „обезбеди пари за 207 младоженци кои беа финансиски оштетени од самоизолацијата“, како што пренесуваат тамошните и светските медиуми. Секој од младоженците ќе добие по 50.000 рубљи, што е еднакво на 630 евра. Парите беа издвоени од добротворниот фонд именуван по таткото на Кадиров, Ахмат. „ТВ Грозни“ - водечката телевизиска станица во Чеченија, известува дека исплатата на пари за невести, веќе е започната. Се емитуваше и ТВ-прилог на којшто се гледа како девојка прима пари, додека во позадина, на ѕидот е обесен портрет на Кадиров.  си/

Остани поврзан