• петок, 22 ноември 2024

Чехот што во Германија возеше со 417 км/ч, под судска истрага

Чехот што во Германија возеше со 417 км/ч, под судска истрага
Берлин, 8 февруари 2022 (МИА) - Германија можеби е позната по своите автопатишта со неограничени брзини, но сомнежите дека чешки бизнисмен возел на дел од автопатот со 417 километри на час доведоа до негови проблеми со надлежните органи и законот. Обвинителството во Штендал, во северната провинција Саксонија-Анхалт, соопшти дека покренало истрага за потенцијална „незаконска трка“. Сопственикот на „Бугати Чирон“ на Јутјуб објави видеа од возењето на спортскиот автомобил, со што го привлече вниманието на настанот. На нив е прикажан виртуелен брзиномер кој покажува 417 км/ч, на дел од автопатот меѓу Берлин и Магдебург - западно од главниот град. Сообраќајната полиција покрена истрага откако „подвигот“ беше нашироко распространет во медиумите. Германскиот министер за транспорт, Фолкер Висинг го осуди однесувањето на возачот, истакнувајќи дека иако не постои ограничување на брзината, автомобилот секогаш мора да биде под контрола. Други го искористија настанот во полза и поткрепа на воведување законско ограничување. Во изјава за „Шпигел“, премиерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл рече дека има многу добри причини за ограничување на брзината на автопатите, и во еколошка и во безбедносна смисла.  си/

Остани поврзан