• четврток, 26 декември 2024

Четири деца загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа

Четири деца загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа

Газа, 4 декември 2024 (МИА) - Најмалку пет лица, меѓу кои четири деца, загинаа денеска во израелски воздушен напад во Појасот Газа, јавија локални медицински лица.

Болницата Ауда, каде што се однесени телата, соопшти дека петмината Палестинци биле убиени пред засолниште во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа. Повредени се 15 лица, претежно деца.

Израелската армија се уште не го коментирала случајот.

Во Либан беше одржан несигурен прекин на огнот меѓу Израел и шиитската група Хезболах, иако израелските сили вчера повторно изведоа неколку напади со беспилотни летала и артилерија, при што загина еден овчар на југот на земјата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжи да удира со „железна тупаница“ против наводното кршење на примирјето од Хезболах. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан