• петок, 22 ноември 2024

Четиристотини компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка за реализација на инвестиции

Четиристотини компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка за реализација на инвестиции
Скопје, 10 ноември 2020 (МИА) - Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата. Владата денеска ја усвои листата на компании кои што ги исполнија условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Тоа, како што посочи, значи дека ќе се реализира оваа мерка, која беше дел од третиот сет економски мерки во рамки на Министерството за економија за справување со последиците од Ковид-19. -Министерството за економија во наредниот период ќе склучи договори со компаниите за реализација на инвестициите со што ќе започне и исплата на средствата. Целта на оваа мерка е директно да ги поддржиме компаниите со цел да се стабилизира и обнови нивната конкурентност, вклучувајќи го и враќањето на изгубените пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот од март 2020 до декември 2021 година, напиша Бектеши.вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан