• недела, 22 декември 2024

Честитка од Сојузот на Македонците со исламска религија по повод 23 Октомври

Честитка од Сојузот на Македонците со исламска религија по повод 23 Октомври

Дебар, 23 октомври 2024 (МИА) - Честитка по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР, со порака „да се обединиме за заштита на македонската нација и држава“.

-Сојузот на Македонците со исламска религија упатува срдечни честитки до граѓаните на Македонија, по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Овој значаен ден зазема посебно место во нашата историја, потсетувајќи нè на непоколебливиот дух и решителност на македонскиот народ, стои во честитката.

Се потсетува дека на денешен ден пред 131 година, формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација го означила „почетокот на длабокото револуционерно движење насочено кон ослободување на Македонија“, и го поставила „камен-темелникот на македонскиот отпор и ги негува стремежите за слобода и зачувување на нашиот македонски идентитет“.

-Нека е вечен споменот на македонските револуционери, а нивното наследство да продолжи да не инспирира додека напредуваме во единство и решителност кон посветла иднина. Честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои на крајот од честитката на СМИР, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски. вт/хс/ 

Фото: СМИР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан