• сабота, 23 ноември 2024

Честитка од министерот Тупанчески по повод Денот на aлбанската азбука

Честитка од министерот Тупанчески по повод Денот на aлбанската азбука
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија.
-Само преку почитување на етничкиот и културниот колаж можеме да бидеме пример за сите наши соседи и земјите од регионот. Со заеднички сили да продолжиме со спроведувањето на реформите, економски развој и унапредување на стандардот на граѓаните, градејќи силна и модерна држава, наведува Тупанчески. дма/ац/

Остани поврзан