Честитка од Македонската алијанса за европска интеграција по повод Божик
- Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите верници од христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик, со искрени желби за добро здравје, духовен мир, семејна радост, среќа и благосостојба.
Дебар, 7 јануари 2026 (МИА) - Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите верници од христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик, со искрени желби за добро здравје, духовен мир, семејна радост, среќа и благосостојба.
-Божик е празник на светлината, надежта и љубовта, празник што нè потсетува на силата на верата, заедништвото и човечноста. Во овие предизвикувачки времиња, кога македонскиот идентитет е изложен на постојани притисоци и напади, повеќе од кога било ни се потребни слога, взаемна поддршка и обединување меѓу Македонците, каде и да живеат, за достоинствено да ги пребродиме сите искушенија, стои во честитката.
Посакуваат божикната светлина да внесе мир во срцата, сила во духот и надеж во иднината.
Среќни божиќни празници до сите православни верници и македонски семејства, со желби светлината на празникот да ги следи низ цела година, упатија и градоначалникот на Општина Пустец, македонските друштва „Илинден" и „Преспа", здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија", и здружението на Македонците од Албанија во Македонија „ЗОШТО". вт/фф/
Фото: МИА Архива