• сабота, 29 јуни 2024

Честитка од Заев за успехот на атлетичарите Ивановски и Стојоски

Честитка од Заев за успехот на атлетичарите Ивановски и Стојоски
Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев им го честиташе  големиот успех на нашите атлетичари Дарио Ивановски и Јован Стојоски, кои на Атлетските митинзи во Белград освоија А норма и пласман на Европското првенство во сала, кое ќе се одржи во март во Полска. Првпат во историјата во македонската атлетика, напиша Заев на Фејсбук, испраќаме двајца атлетичари со освоена норма на Европско првенство. Дарио Ивановски постави нов рекорд во дисциплината 1500 метри, кој воедно е и највреден рекорд во сите дисциплини од 1500 метри до маратон. - Подвигот на двајцата атлетичари е голема радост за сите граѓани и извонреден успех за македонската атлетика – кралицата на спортовите. Им посакувам нови успеси на младите атлетичари на понатамошните натпревари, напиша претседателот на Владата на својот фејсбук-профил. хс/скс/

Остани поврзан