Честитка на генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ по повод Свети Сава
- По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски упати честитка до сите припадници на српската заедница и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник.
![Честитка на генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ по повод Свети Сава](https://new.mia.mk/images/20240127122928_big_730x400_41.webp )
Скопје, 27 јануари 2024
По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски упати честитка до сите припадници на српската заедница и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник.
-Ви го честитам националниот ден, празникот Свети Сава! Ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба. Српската заедница во земјава отсекогаш давала значаен придонес во развојот на македонското мултиетничко општество и унапредувањето на економскиот, културниот и општествениот живот и тоа е за длабока почит. Негувањето и јакнењето на заедништвото, меѓусебното почитување и помагање нека бидат заеднички поттик да продолжиме заеднички по патот на напредокот, обединети во идеите за создавање добри дела за нашите народи и за сите граѓани. Нека е за многу години Свети Сава!, стои во честитката на генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива