• недела, 22 декември 2024

Чептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд

Чептеги ја потврди доминацијата на 10.000 метри и постави нов рекорд

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Олимписките игри полека влегуваат во втората натпреварувачка недела, што значи дека атлетиката е актуелна. Џошуа Чептеги, атлетичар од Уганда го освои златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз.

Светскиот рекордер до златното одличје стигна со време од 26:43,14 минути и со тоа постави нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Етиопјанецот Бериху Арегави со време од 26:43.44 минути, а сребрениот му припадна на Американецот Грент Фишер (26:43.46).

Арегави дојде до среброто благодарение на одличната завршница. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан