• понеделник, 01 јули 2024

Челзи преку Јунајтед до финалето на ФА Купот

Челзи преку Јунајтед до финалето на ФА Купот
Лондон, 19 јули 2020 (МИА) – Челзи ќе игра во финалето на ФА Купот, откако вечерва на „Вембли“ во второто полуфинале, го совлада Манчестер јунајтед со 3:1. Стрелци на головите за сините од Лондон беа Оливие Жиру, Мејсон Маунт и Хари Мегваер (автогол). За Јунајтед погоди Бруно Фернандеш од пенал во финишот на мечот. Противник на Челзи во мечот за трофејот ќе биде Арсенал, кој вчера, во првото полуфинале, го совлада Манчестер сити со 2:0. Финалето на ФА Купот е закажано за 1 август во Лондон на „Вембли“. зс/

Остани поврзан