Челзи го испрати Дисаси на позајмица во Вест Хем
- Вест Хем го доби фудбалерот на Челзи, Аксел Дисаси на позајмица.
Лондон, 3 февруари 2026 (МИА) - Вест Хем го доби фудбалерот на Челзи, Аксел Дисаси на позајмица.
Дваесет и седумгодишниот Французин не настапи за првиот тим во сезоната 2025/26. Тој е во Челзи од јуни 2025 година, доаѓајќи од Астон вила. Исто така, играл за Монако и Ремс.
Дисаси одигра пет натпревари за француската репрезентација.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансфер вредност на 15 милиони евра. Неговиот договор со Челзи важи до 30 јуни 2029 година. зс/
Фото: ЕПА