Барселона поднесе кандидатура за домаќин на финалето во ЛШ 2029
- Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб.
Барселона, 3 февруари 2026 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб.
Како што е наведено во соопштението, Барселона официјално изрази подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, да учествува во почетната фаза од кандидатурата, предлагајќи го градот Барселона за домаќин на финалето, а Камп Ноу е номиниран како потенцијален стадион за одигрување на финалето.
Се очекува конечната кандидатура да биде формализирана на почетокот на јуни 2026 година, кога ќе биде доставена комплетна датотека со целата потребна документација за организација на финалето. ег
ФОТО: ЕПА