• петок, 22 ноември 2024

Чашка црвено вино го ублажува пост-ковид синдромот

Чашка црвено вино го ублажува пост-ковид синдромот
Москва, 30 август 2021 (МИА) - Умереното пиење вино помага да се ублажи пост-ковид синдромот, изјави за интернет-страницата „Ура.ру“ Александар Мјасников - доктор и ТВ-водител од Русија. - Откако некое лице ќе прележи коронавирус, чаша црвено вино е корисно бидејќи тоа содржи ресвератрол - моќен антиоксиданс... Овој тип терапија, сепак, е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол, нагласи стручњакот. За оние другите, Мјасников појасни дека е дури и полезно да се конзумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста. Лекарот, покрај тоа, предупреди да не се злоупотребува алкохолот, нагласувајќи дека тој е сосем забранет во критичниот период на секоја заразна болест, која се одликува со треска и при којашто вирусот се размножува во телото.  си/

Остани поврзан