• понеделник, 23 декември 2024

Часовник на Хитлер продаден за четири милиони долари

Часовник на Хитлер продаден за четири милиони долари

Лос Анџелес, 14 јули 2022 (МИА) - Рачен часовник што му припаѓал на лидерот на нацистичка Германија, фирерот Адолф Хитлер, е продаден на наддавање во САД за четири милиони долари.

Предметот, според аукциската куќа за историски предмети, „Александер“, е произведен од швајцарската компанија за луксузни часовници „Л'култр“ (LeCoultre). Златното куќиште е украсено со амблемот на Третиот Рајх - сватиката, изгравирани иницијали на диктаторот и три значајни датуми за него - денот на раѓањето, победата на неговата Нацистичка партија на изборите и назначувањето за канцелар на Германија.

Се верува дека часовникот му бил даден на Хитлер од членови на Нацистичката партија во 1933 година. На 4 мај 1945 година, неколку дена по самоубиството на фирерот, часовникот бил одземен од францускиот наредник Робер Мињо за време на рацијата во неговата резиденција на Баварските Алпи.  си/

Остани поврзан