• петок, 28 јуни 2024

Чалханоглу премина од Милан во Интер

Чалханоглу премина од Милан во Интер
Милано, 22 јуни 2021 (МИА) - Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер, потпишувајќи тригодишен договор со италијанскиот шампион. Дваесетиседумгодишниот играч за врска во Интер дојде без обесштетување, откако му заврши договорот со градскиот ривал Милан. Финансиските детали од договорот, засаега, не се соопштени Минатата сезона Чалханоглу одигра 33 натпревари за Милан во Серија А и беше еден од клучните играчи на „црвено - црните“, кои како второпласирани обезбедија настап во Лигата на шампиони, првпат по пауза од осум години. ег/ми/

Остани поврзан