• четврток, 18 април 2024

Чалханоглу наскоро ќе го продолжи договорот со Интер

Чалханоглу наскоро ќе го продолжи договорот со Интер

Милано, 25 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу потврди дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот. 

 

- Не е тајна дека сум среќен во Интер, се беше добро овде од првиот ден. Се чувствувам жив кога гледам како навивачите ни даваат поддршка. Ако зборуваме за договорот, веќе сме се договориле за се и сме многу блиску до официјалниот заклучок, со задоволство ќе продолжам да ги остварувам моите соништа во овој клуб, изјави Чалханоглу за „Sky Sports“. 

 

Чалханоглу е во Интер од јули 2021 година, во сезоната 2022/23 постигна четир гола и осум асистенции на 46 натпревари за тимот во сите натпреварувања. 

 

Актуелниот договор на 29-годишниот Турчин со тимот е со важност до крајот на јуни 2024 година. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

 

Остани поврзан